ЗА ИНСТИТУТОТ

На 27.05.2006 година, се одржа основачко собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ).На основачкото Собрание беше изгласан Статутотна Институтот и беше избран претседателот на Институтот, г-дин Антонио Велјанов, овластен ревизор. Истотака, беа избрани и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите на Институтот. Заради промовирање на високи професионални стандарди и за подобрување на квалитетот на ревизорските услуги, овластените ревизори се здружуваат во ИОРРМ на овластени ревизори како професионално коморско здружување.Членови на ИОРРМ се ревизори, овластени ревизори, друштва за ревизија и овластени ревизори - трговци поединци.Надлежностите на ИОРРМ се утврдени со Законот за ревизија, Статутот и други акти на ИОРРМ.

Институтот ги има следните надлежности, задачи и цели:

  1. Води Регистар на ревизори, Регистар на овластени ревизори, Регистар на друштва за ревизија, Регистар на овластени ревизори-трговци поединци и Регистар на трајно одземени лиценци;
  2. Донесува програма за полагање на испит за стекнување на звањето ревизор и спроведува испит за стекнување на звањето ревизор;
  3. Издава уверение за ревизор;
  4. Пропишува форма и содржина на уверението за ревизор;
  5. Ги разгледува и одлучува по барањата за признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство, врз основа на правила и постапки пропишани од Институтот и организира проверка на знаењето од областа на законската регулатива при признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство;
  6. Организира и спроведува континуирано професионално усовршување;
  7. Ја следи примената на МСР и Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC кај друштвата за ревизија и кај овластените ревизори - трговци поединци;
  8. Ги промовира МСР и Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC;
  9. Ги преведува и ги објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија” Меѓународните стандарди за ревизија, Меѓународните стандарди за контрола на квалитетот и Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC;
  10. Покренува дисциплинска постапка и изрекува мерки на членовите поради повреда на МСР, актите на Институтот и на Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC;
  11. Донесува тригодишна и годишна програма за контрола над членовите на Институтот;
  12. Спроведува контрола на квалитетот над членовите на Институтот;
  13. Го известува Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РМ (во понатамошниот текст Советот) за изречените мерки од спроведената контрола на друштвата за ревизија и/или овластените ревизори - трговци поединци и овластените ревизори;
  14. Донесува Тарифник за висината на членарината и надоместоците што ги наплатува;
  15. Донесува Правилник за признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство;
  16. Донесува Правилник за содржината на Регистарот на ревизори, Регистарот на овластени ревизори, Регистарот на друштва за ревизија, Регистарот на овластени ревизори-трговци поединци и Регистарот на трајно одземени лиценци;
  17. Донесува програма за обука на овластени ревизори кои спроведуваат контрола и издава сертификати за завршена обука;
  18. Презема активности согласно со насоките дадени од Советот кои се неопходни и соодветни за промовирање на високите професионални стандарди меѓу друштвата за ревизија и овластените ревизори и за подобрување на квалитетот на ревизорските услуги што тие ги нудат;
  19. Донесува годишна програма за работа најдоцна до 15 јануари во тековната година;
  20. Донесува годишен извештај за својата работа најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година;
  21. Донесува Правилник за начинот и постапката за утврдување на повредите и за дисциплинските мерки на членовите на Институтот;
  22. Формира дисциплинска и други комисии;
  23. Донесува годишен извештај за наодите од извршените контроли;
  24. Издава билтен и ги ажурира информациите објавени на веб страницата на Институтот;
  25. Предлага двајца овластени ревизори за членови на Советот;
  26. Иницира соработка со професионални асоцијации на ревизори;
  27. Организира стручни симпозиуми од областа на ревизијата;
  28. Иницира соработка со високо-образовни институции во земјата и во странство;
  29. Иницира публикување на стручни списанија од областа на ревизијата;
  30. Изготвува упатства за изготвување на ревизорска документација;
  31. Иницира измени на законските прописи од областа на ревизијата и финансиите до Советот, и
  32. Врши други работи согласно со Статутот и закон.