Почитувани колеги,
Ве известуваме дека ИОРРМ континуирано ги следи препораките и предлозите од членовите во контекст на актуелната ситуација во врска со пандемијата на вирусот КОВИД -19.
ИОРРМ ќе се обрати до сите релевантни институции за прашања на ревизијата. Останатите барања кои се надвор од делокругот на ревизијата ( барање за одлагање на ДДВ, барање за одлагање на аконтациите на данокот на добивка, барања за одлагање на роковите за акционерските собранија итн.) треба да се упатат до надлежните институции (комори, здруженија и др.) од страна на засегнатите субјекти.
На веб страницата ќе бидат истакнати сите поднесени барања од ИОРРМ до надлежните институции, како и исходот од истите.
Воедно Ве известуваме дека сите Ваши сугестии и предлози се добредојдени, ќе бидат веднаш разгледани и по истите соодветно ќе реагираме.
Претседател на ИОРРМ,
Драган Димитров
- Допис до Централен Регистар на РСМ
- Допис до Министерство за финансии
- Допис до Народна банка на РСМ
- Допис до Агенција за супервизија на осигурување