Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) ќе спроведе електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2024 година. Настанот за КПУ е во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2024 година.
Предавањето ќе биде отворено во период од 12 до 25 декември 2024 година во делот онлајн предавања и се состои од 6 видеа, а се вклучени следните теми:
1. Рамзес Галего – Денови на идно минато;
2. Срѓан Ранѓеловиќ – Вештачката интелегенција во ревизијата: Подигнување на квалитетот и ефикасноста;
3. Сандро Боери и Тања М. Димитриевска – Ревизија на културата;
4. Сања Шуман – Царевото ново руво;
5. Панел дискусија – Етика;
6. Горазд Смилевски – Gen Z – како да се мотивираат и задржат новите генерации на работа;
7. Весна Дамјановиќ – Самобредирање на ревизијата;
8. Борис Тушек – Стратегија на внатрешна ревизија според глобални стандарди;
9. Евгенија Каркинска Лазаровска – Директива за Корпоративно известување за одржливост од перспектива на ревизорот;
10. Панел дискусија – ESG – Известување надвор од бројките.
Програма
Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 23 декември 2024 година, со пријавување на следниов линк – Пријава. Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое се признаваат 8 часа КПУ за 2024 година, изнесува 8.000,00 денари по лице.
Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на линк за Пријава , предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, кое што можете да го најдете во прилог на оваа порака. Задолжително притиснете на копче “Потврди„ откако ќе го ислушате предавањето, за да се признаат КПУ часовите.
За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 и 072/ 268-068 или на contact@iorrm.org.mk.