Покана за следење на претходно спроведени КПУ настани од 2026 година (03-25.12.2026)
26-11-2026
|
Почитувани,
Ве известуваме дека преку новиот модул Online предавања кој е достапен на www.portal.iorrm.mk, може електронски да проследите дел од предавањата кои што ИОРРСМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2026 година, а кои што ќе се признаваат како КПУ часови за 2026 година.
Членовите на ИОРРСМ може да се пријават за следење на овие настани, само доколку не биле во можност да ги проследат во текот на 2026 година, односно следните настани за кои што Програмата е дадена во прилог.
|
КПУ настани од 2026 година
Надоместок по настан: 3.000 денари
Период за следење: 03.12.2026 - 25.12.2026 краен рок за барања: 23.12.2026
|
|
29 април 2026 година
|
6 КПУ часа
|
|
|
15 јуни 2026 година
|
7 КПУ часа
|
Кодекс на етика, ISSA 5000, МСР 240, МСР 570 - ПРОГРАМА
|
|
16 јуни 2026 година
|
8 КПУ часа
|
Промени во циркуларни писма и МСФИ за МСЕ - ПРОГРАМА
|
|
27 октомври 2026 година
|
8 КПУ часа
|
|
|
28 октомври 2026 година
|
8 КПУ часа
|
МСФИ 9 и спречување перење пари и финансирање тероризам - ПРОГРАМА
|
|
Инструкции како да започнете
Без дополнителна регистрација и лозинка. Само со еднократен код (ОТП).
- Најавете се на порталот
Пристапете до portal.iorrm.mk и внесете ја емаил адресата евидентирана во Институтот (емаил адресата на која ја добивте оваа покана) и побарајте код за најава. Потоа внесете го кодот што ќе пристигне на емаил адресата и најавете се.
- Изберете Online предавања
Откако ќе се најавите отворете го делот „Online предавања“, прегледајте ги информациите и изберете ја обуката или обуките што сакате дополнително да ги следите.
- Поднесете барање
Проверете ги избраните обуки, пополнете ги побараните податоци и поднесете го барањето преку порталот. По обработка на барањето Институтот ќе Ви испрати одговор на Вашата емаил адреса.
- Започнете со следење
Откако ќе добиете одговор од Институтот, повторно отворете „Online предавања“ и пристапете до предавањето. Следете ги насоките и периодот за достапност прикажани во порталот.
Напомена: По одобрувањето на барањето, потребно е избраниот КПУ настан да го проследите во целост во предвидениот период за следење (03-25.12.2026 година).
Со почит,
Институт на овластени ревизори на РСМ