Покана за Работилница „МСФИ за МСП“, која ќе се одржи на 03 и 04 декември 2026 година, на Економски факултет, Скопје
12-11-2026
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) согласно Годишната програма за Континуирано професионално усовршување за 2026 година, организира работилница на тема МСФИ за мали и средни претпријатија каде што ќе бидат вклучени следните области:
· Усвојување на МСФИ за мали и средни претпријатија;
· Вовед во МСФИ за мали и средни претпријатија;
· Предизвици за финансиско известување на МСП од страна на CFRR;
· Законска рамка;
· Обработка на Студии на случај во следните оддели:
- Оддел 2: Концепти и општи принципи
- Оддел 7: Извештај за парични текови и други измени на Стандардот
- Оддел 9: Консолидирани и поединечни финансиски извештаи
- Оддел 11: Основни финансиски инструменти
- Оддел 12: Мерење на објективната вредност
- Оддел 19: Деловни комбинации и гудвил
- Оддел 23: Приходи од договори со купувачи
Работилницата ќе се одржи на 3 и 4 декември 2026 година во просториите на Економски факултет Скопје во времетраење од 9 до 17 часот. На пријавените учесници дополнително ќе им бидат доставени информации за просторијата.
Надоместокот за присуство на работилницата изнесува 9.000,00 денари по учесник.
Цел на работилницата. Спроведување практична обука за примена на МСФИ за мали и средни претпријатија, со цел унапредување на знаењата и вештините на ревизорите и олеснување на примената на Стандардот при ревизијата на мали и средни претпријатија.
Целна група на слушатели. Работилницата е наменета за овластени ревизори и членови на ревизорски тимови, овластени сметководители/сметководители, како и за сите лица вклучени во подготовката, составувањето, анализата и ревизијата на финансиските извештаи на мали и средни субјекти. Групите ќе бидат за најмногу 20-25 лица.
Предавачи.
Љупчо Наумовски, овластен ревизор, FCCA
Жарко Михајловски, овластен ревизор
КПУ часови. На овластени ревизори кои ќе присуствуваат на работилницата ќе им бидат признаени 16 часа КПУ за 2026 година.
Рокот за пријавување на присуство е 27 ноември 2026 година (петок), на следниот линк
Напомена. Работилницата ќе се одржи само доколку има доволен број на пријавени слушатели.