Оглас за вработување на овластен ревизор Друштво за ревизија Идеја Плус Ревизија & Консалтинг ДОО Радовиш
14-08-2025
ИДЕЈА ПЛУС РЕВИЗИЈА & КОНСАЛТИНГ ДОО Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
За работно место: Овластен ревизор
Адреса: ул. Коста Сусинов бр. 22 Радовиш
Број на извршители: 1 (еден)
Опис на работните задачи:
Вршење на ревизија согласно Меѓународните стандарди за ревизија кои се во примена во Република
Северна Македонија.
Потребни квалификации, исправи, вештини и способности:
Кандидатот треба да поседува Лиценца за овластен ревизор издадена од СУНРРСМ и да има вештини и
способности за тимска работа, решавање проблеми и изнаоѓање на решенија за прашања поврзани со
дејноста, како и проактивен однос кон работните обврски.
Услови за вработување:
• Договор за вработување на неопределено работно време;
• Полно работно време од 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок,
• Плата по договор.
Сите права и обврски на работникот се утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен
договор од областа на стопанството, како и договорот за вработување.
Потребна документација:
Заинтересираните овластени ревизори треба да достават кратка биографија, писмо за интерес и копија од
лиценцата за овластен ревизор, на меил idejaplusrevizija@yahoo.com и до архивата на ИДЕЈА ПЛУС
РЕВИЗИЈА & КОНСАЛТИНГ ДОО Радовиш на ул. Коста Сусинов бр. 22 Радовиш.
Рок за пријавување: 20.09.2025 година.
По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои аплицирале ќе бидат контактирани за закажување
на интервју.
Заштита на лични податоци:
ИДЕЈА ПЛУС РЕВИЗИЈА & КОНСАЛТИНГ ДОО Радовиш ги обработува личните податоци согласно Законот
за заштита на лични податоци. Со доставување на Вашата апликација на овој оглас за вработување, Вие
доброволно ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци.