map мапа contact контакт contact форум
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
  Институт на Овластени Ревизори

Aктуелни соопштенија:

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2014 година

Покана за 14-та седница на Собранието на ИОРРМ

Пријавување на интерес за учество на обука за подготовка
за полагање на испитот за стекнување звање ревизор


Доделување на бесплатен примерок на ЦД МСР 2009 година

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Даме Груев бр. 14
ДЦ Интекс - соба бр. 20
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349


 
   
ЗА ИНСТИТУТОТ
На 27.05.2006 година, се одржа основачко собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. На основачкото Собрание беше изгласан Статутотна Институтот и беше избран претседателот на Институтот, г-дин Антонио Велјанов, овластен ревизор. Истотака, беа избрани и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите на Институтот. Заради промовирање на високи професионални стандарди и за подобрување на квалитетот на ревизорските услуги, овластените ревизори се здружуваат во Институтот на овластени ревизори како професионално коморско здружување. Членови на ИНСТИТУТОТ се овластени ревизори, друштва за ревизија и овластени ревизори - трговци поединци. Институтот има статус на правно лице со јавни овластувања кои се утврдени со Законот за ревизија, Статутот на Институтот и други акти. Институтот ги има следните надлежности, задачи и цели:
  1. Води регистар на овластени ревизори и регистар на друштва за ревизија и овластени ревизори - трговци поединци;
  2. Донесува програма за полагање испит за стекнување на звањето овластен ревизор и спроведува испити за стекнување на звањето овластен ревизор;
  3. Дава предлог до министерот за финансии за издавање на дозвола за работа на друштво за ревизија, овластен ревизор трговец - поединец и издавање уверение за овластен ревизор;
  4. Ги разгледува и дава мислење по барања за одобрување на квалификации за овластен ревизор стекнати во странство, врз основа на пропишани правила и постапки;
  5. Организира проверка на знаењето од областа на законската регулатива на Република Македонија релевантна за вршење на ревизија при одобрување на квалификации за овластен ревизор стекнати во странство;
  6. Одредува услови, организира и спроведува континуирано професионално образование;
  7. Ја следи примената на Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) и Кодексот на етика за професионални сметководители на Меѓународната федерација на сметководители (МФС) кај друштвата за ревизија и кај овластените ревизори - трговци поединци;
  8. Ги спроведува МСР и Кодексот на етика за професионални сметководители на МФС;
  9. Ги преведува и ажурира МСР, Меѓународните сметководствени стандарди (МСС), Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), Кодексот на етика за професионални сметководители на МФС и Меѓународните стандарди за контрола на квалитет;
  10. Покренува дисциплинска постапка и изрекува мерки на членовите поради повреда на МСР, актите на ИНСТИТУТОТ и на Кодексот на етика за професионални сметководители на МФС;
  11. Го известува министерот за финансии за изречените мерки од спроведената контрола на друштвата за ревизија и/или овластените ревизори - трговци поединци;
  12. Ја определува висината на членарината за членство во ИНСТИТУТОТ која обезбедува непречено функционирање на ИНСТИТУТОТ;
  13. Донесува правила со кои Ќе се обезбеди дека членовите се способни да ги исполнат обврските кои произлегуваат од ревизорската работа, со тоа што ќе имаат професионално осигурување од обесштетување на ниво определено со правилата на ИНСТИТУТОТ;
  14. Формира комисија за оцена на практиката на друштвата за ревизија и на овластените ревизори - трговци поединци, кои се однесуваат на прегледување и правење копии од која било книга, документ или предмет кој е во сопственост или под контрола на друштвата за ревизија, како и заради добивање информации од кој било партнер или вработен, на овластениот ревизор. Овластениот ревизор или лице од друштвото за ревизија е должен на барање на Институтот или од лице овластено од него да презентира книга, документ или предмет и не смее согласно со овој закон, да одбие да презентира таква книга, документ или предмет дури и ако ревизорот е на мислење дека таа книга, документ или предмет содржи доверливи информации за субјектот на ревизијата;
  15. Презема активности определени од министерот за финансии кои се неопходни и соодветни за промовирање на високите професионални стандарди меѓу друштвата за ревизија и овластените ревизори за подобрување на квалитетот на ревизорските услуги што ги нудат;
  16. Донесува годишна програма и годишен извештај за својата работа, на кои согласност дава министерот за финансии на предлог на Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Одобрениот годишен извештај се објавува најмалку во едно јавно гласило и на веб страницата на Институтот;
  17. Издава билтен;
  18. Иницира соработка со професионални асоцијации на сметководители и ревизори;
  19. Организира стручни симпозиуми од областа на сметководството и ревизијата;
  20. Иницира соработка со високо-образовни институции во земјата и во странство;
  21. Иницира публикување на стручни списанија од областа на сметководството и ревизијата;
  22. Иницира измени на законските прописи од областа на ревизијата, сметководството и финансиите;
  23. Спроведува контрола врз примената на МСР, Кодексот на етика за професионални сметководители на МФС и актите на Институтот. Контролата се извршува врз основа на годишна програма на Институтот или по барање на заиснтересирани субјекти.
      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive