map мапа contact контакт contact форум contact ONLINE ПРЕДАВАЊА
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
  Институт на Овластени Ревизори

Aктуелни соопштенија:

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2017 година

Покана за Работилница на тема „ Извршување на ревизорски постапки “ што ќе се одржи на 22 и 23 март 2018 година

Покана за учество на 22-та седница на Собранието на ИОРРМ (16 март 2018 година)

Покана за пријавување за електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) што ќе се одржи од 22.12.2017 до 05.01.2018 година

Договор за соработка помеѓу Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Ул. 11 Октомври
бр. 52А/1 - 3
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349
Е-пошта: contact@iorrm.org.mk

 
wcoa
 

 
   

16.03.2018

Почитувани,

Ве известуваме дека 22-та седница на Собранието на ИОРРМ која што беше закажана за 16 март 2018 година не се одржа заради неостварен кворум за работа. Седницата се презакажува за 21 март 2018 година (среда), во 14.00 часот, и ќе се одржи во Амфитеaтар 2, Економски факултет - Скопје. Согласно член 22 од Статутот на ИОРРМ, на седницата ќе се одлучува по точките од предлог дневниот ред за првобитно закажаната седница.

Ве молиме, да го потврдите присуството на 22-та седница на Собранието на ИОРРМ на тел.: (02) 3227 599 или е-пошта contact@iorrm.org.mk.

Со почит,

Борислав Атанасовски
Претседател на ИОРРМ

26.02.2018

Покана за Работилница на тема „ Извршување на ревизорски постапки “ што ќе се одржи на 22 и 23 март 2018 година

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) организира работилница на тема „Планирање на ревизијата и идентификување на ризици“ каде што преку обработка на студија на случај ќе бидат вклучени следните области:

  • Ревизорски постапки за приходи;
  • Ревизорски постапки за набавки
  • Ревизорски постапки за плати
  • Ревизорски постапки за пари и готовина
  • Ревизорски постапки за останати процеси
  • Ревизорски постапки за метода на примерок
  • Завршни ревизорски постапки
  • Континуитет – практичен случај

Работилницата ќе се одржи на 22 и 23 март 2018 година, од 09.00 до 17.00 часот, во просториите на Економски факултет - Скопје.

Цел на работилницата. Спроведување на обука за практична примена на Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) која што ќе им помогне на ревизорите во мали и средни ревизорски друштва и кај овластени ревизори - трговци поединци да развијат ревизорски алатки што ќе ги применуваат во праксата за документирање на спроведувањето на ревизорски процедури и постапки.

Целна група на слушатели. Ревизори вработени во мали и средни ревизорски друштва и кај овластени ревизори - трговци поединци, кои што имаат одредено искуство во ревизијата, во група од минимално 15 лица до максимално 25 лица.

Предавачи. Гоце Христов, Ненад Ранѓеловиќ, Милена Јованова и Костадин Пецев, овластени ревизори, членови на ИОРРМ.

Признаени часови за КПУ. На овластени ревизори кои ќе присуствуваат на работилницата ќе им бидат признаени 16 часа КПУ за 2018 година.

Рокот за пријавување на присуство е 12 март 2018 година на е-пошта contact@iorrm.org.mk. Надоместокот за присуство на работилницата изнесува 6.000,00 денари по учесник за два дена. Уплатата треба да се изврши најдоцна до 15 март 2018 година.

Напомена. Работилницата ќе се одржи само доколку има доволен број на пријавени слушатели.

Со почит,

Борислав Атанасовски
Претседател на ИОРРМ

23.02.2018

Покана за учество на 22-та седница на Собранието на Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ)

Почитувани,

Ве известуваме дека 22-та седница на Собранието на ИОРРМ ќе се одржи на 16 март 2018 година (петок) во 14.00 часот, во просториите на Економски факултет – Скопје, Амфитеатар 2.

Предлог дневен ред за седницата:

  1. Усвојување на Записникот од 21-та седница на Собранието на ИОРРМ.
  2. Избор на ревизор на финансиски извештаи на ИОРРМ за 2017, 2018 и 2019 година.
  3. Усвојување на Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2017 година.
  4. Усвојување на Правилник за начинот и постапката за утврдување на повредите и за дисциплинските мерки на членовите на ИОРРМ.
  5. Иницирање на измена на Законот за ревизија во делот на промена на името “ИНСТИТУТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА” во “КОМОРА НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”.

Како членови на ИОРРМ, доколку имате предлози за изменување и дополнување на предлог дневниот ред или материјалите за точките од предлог дневниот ред, истите можете да ги доставите до генералниот секретар на ИОРРМ на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна до 8 март 2018 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Ве молиме, најдоцна на 9 март 2018 година, да го потврдите присуството на 22-та седницата на Собранието на телефон (02) 3227 599 или на е-пошта: contact@iorrm.org.mk .

Со почит,

Борислав Атанасовски
Претседател на ИОРРМ

21.12.2017

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ ќе спроведе електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2017 година. Настаните за КПУ се во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2017 година.

Предавањето ќе биде отворено во период од 22 декември 2017 година до 5 јануари 2018 година. Во предавањето се вклучени следните три презентации:

1. МСФИ 15 - Приходи од договори со клиенти

2. МСР 250 - Разгледување на законите и прописите во ревизијата на финансиските извештаи; МСР 300 - Планирање на ревизијата на финансиски извештаи; МСР 330 - Одговори на ревизорот на проценетите ризици и МСР 520 - Аналитички постапки (согласно барањата на МСР 315)

3. Кодекс на етика на МФС за професионални сметководители - NOCLAR и новите предизвици пред ревизорската професија

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 29 декември 2017 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk . Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое што се признаваат 8 часа КПУ за 2017 година, изнесува 7.000,00 денари по лице.
Предавањето може да го проследите на следниот линк http://www.iorrm.org.mk/najava.aspx . Откако ќе се регистрирате, за сите следни чекори ќе бидете известувани на е-маил адресата со која што ќе се регистрирате.
За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на 3227 599.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ

13.11.2017

Покана за пријава на учество на предавања за Континуирано професионално
усовршување за сметководители и овластени сметководители
ДВОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ БР. . 2/2017 –
16 ЧАСА
(29 и 30 ноември 2017 година)

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) се стекна со акредитација за вршење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) за сметководители и овластени сметководители кое што се спроведува согласно Законот за вршење на сметководствени работи. Акредитацијата ја додели ICC Macedonia (International Chamber of Commerce). Обуката за КПУ се спроведува заради надградување на знаењето на сметководителите и овластените сметководители при што истото треба да го посетуваат сите физички лица кои стекнале уверение за сметководител или овластен сметководител и се запишани во Регистарот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС).

На 29 и 30 ноември 2017 година, ИОРРМ ќе го спроведе вторниот дводневен настан за КПУ за сметководители и овластени сметководители за 2017 година, согласно член 19 од Законот за вршење сметководствени работи. Настанот е во рамките на Годишната програмата за КПУ за 2017 година, донесена од страна на ИСОС.

На следниот линк можете да најдете Програма за предавањата што ќе се одржат на 29 и 30 ноември 2017 година, во просториите на Хотел Холидеј Ин, сала Милениум 1, Скопје.

Ги повикуваме сите заинтересирани сметководители и овластени сметководители да го пријават своето учество на настанот, најдоцна до 22 ноември 2017 година, на е-пошта contact@iorrm.org.mk со доставување на пополнета Пријава за учество на КПУ, дадена во прилог . Надоместокот за посетување на настаните е 2.000,00 денари/ден за едно лице (согласно со Одлука на Владата на Република Македонија од 16.02.2017 година). Уплатата на надоместокот за присуство треба да се изврши најдоцна до 24 ноември 2017 година, и тоа на фактура на Ваше барање или на следниот начин:

Цел на дознака: Уплата за КПУ за датум(и) на настанот за Име и презиме на учесникот;
Назив на примачот: ИОРРМ Скопје
Банка на примачот: Стопанска банка ад Скопје;
Сметка: 200001330719615

Повеќе информации може да добиете на телефон (02) 3227 599.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ

10.11.2017

Покана за пријава на учество на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори
(29.11 – 01.12.2017 година)

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) ќе ја спроведе третата група на настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2017 година, согласно член 28 од Законот за ревизија. Настаните за КПУ се во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2017 година.

На следниот линк можете да најдете Распоред на настаните што ќе се одржат на 29 и 30 ноември, и 01 декември 2017 година, во просториите на Хотел Холидеј Ин, сала Милениум 1, Скопје.

Цената за посетување на настаните е 2.000,00 денари на ден за едно лице.

Ги повикуваме сите заинтересирани овластени ревизори да го пријават своето учество на настаните, најдоцна 22 ноември 2017 година, на е-пошта contact@iorrm.org.mkили на телефон (02) 3227 599. Уплатата за посетување на настаните треба да се изврши најдоцна до 24 ноември 2017 година, и тоа на фактура по Ваше барање или на следниот начин:

Цел на дознака: Уплата за КПУ за датум(и) на настанот за Име и презиме на учесникот;
Назив на примачот: ИОРРМ Скопје
Банка на примачот: Стопанска банка ад Скопје;
Сметка: 200001330719615

Материјали: При пријавување за учество на настаните, Ве молиме задолжително да не известите доколку сте заинтересирани за печатен материјал.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ

24.10.2017

Покана за пријава на учество на предавања за Континуирано професионално
усовршување за сметководители и овластени сметководители
ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ БР. 1/2017 –
8 ЧАСА
(10 ноември 2017 година)

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) се стекна со акредитација за вршење на Континуирано професионално усовршување за сметководители и овластени сметководители кое што се спроведува согласно Законот за вршење на сметководствени работи. Акредитацијата ја додели ICC Macedonia (International Chamber of Commerce). Обуката за КПУ се спроведува заради надградување на знаењето на сметководителите и овластените сметководители при што истото треба да го посетуваат сите физички лица кои стекнале уверение за сметководител или овластен сметководител и се запишани во Регистарот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС).

Секој сметководител е должен од правно лице кое врши КПУ да обезбеди бодување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година. Секој овластен сметководител е должен од правно лице кое врши КПУ да обезбеди бодување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.

На 10 ноември 2017 година, ИОРРМ ќе го спроведе првиот еднодневен настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за сметководители и овластени сметководители за 2017 година, согласно член 19 од Законот за вршење сметководствени работи. Настанот е во рамките на Годишната програмата за континуирано професионално усовршување за 2017 година, донесена од страна на ИСОС.

На следниот линк можете да најдете Програма за предавањата што ќе се одржат на 10 ноември 2017 година, во просториите на Економски факултет Скопје, Амфитеатар 2.

Ги повикуваме сите заинтересирани сметководители и овластени сметководители да го пријават своето учество на настанот, најдоцна до 07 ноември 2017 година, на е-пошта contact@iorrm.org.mk со доставување на пополнета Пријава за учество на КПУ. . Надоместокот за посетување на настаните е 2.000,00 денари/ден за едно лице (согласно со Одлука на Владата на Република Македонија од 16.02.2017 година). Уплатата на надоместокот за присуство треба да се изврши најдоцна до 08 ноември 2017 година, и тоа на фактура на Ваше барање или на следниот начин:

Цел на дознака: Уплата за КПУ за датум(и) на настанот за Име и презиме на учесникот;
Назив на примачот: ИОРРМ Скопје
Банка на примачот: Стопанска банка ад Скопје;
Сметка: 200001330719615

Повеќе информации може да добиете на телефон (02) 3227 599.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ

19.10.2017

Договор за соработка помеѓу Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

На 18 октомври 2017 година, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Договор за соработка, со кој што оквирно ги утврдуваат заедничките активности поврзани со сметководствената и ревизиската професија, со цел развој на двете професии и заеднички интерес на своите членови.

Договорот предвидува соработка во неколку области: соработка меѓу двата институти во преведување на релевантните меѓународни стандарди и Кодексот за етика на професионални сметководители на IFAC; соработка во приближување на сметководствените и ревизиските информации со практични решенија; размена на информации и искуства при организација на проверка на знаењето од областа на законската регулатива во Република Македонија и меѓународните стандарди кои што се релевантни за двете професии; унапредување на меѓусебните односи и соработка на подрачјето на едукативните програми, конференции, обуки; соработка на заеднички проекти, стручни публикации и прирачници.

Во рамките на оваа соработка, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија се обврзува на своите членови да им ги признае часовите за Континуирано професионално усовршување (КПУ) остварени со присуство на настаните за КПУ организирани од страна на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија за своите членови (овластени ревизори), за што ИОРРМ издава соодветна потврда.

Договор го потпишаа претседателката на ИСОС, м-р Ленче Папазовска и претседателот на ИОРРМ, Борислав Атанасовски, а на свечениот настан присуствуваа и Орхан Рамдани, член на Управниот одбор на ИСОС, Драган Митковски, претседавач на Собранието на ИСОС, како и Љубе Ѓорѓиевски, Драган Димитров, Крсто Несторов и Стојан Јорданов, членови на Управен одбор на ИОРРМ.

22.11.2016

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Универзитетот Американ колеџ Скопје потпишаа договор за академска соработка. Договорот има за цел страните да соработуваат за создавање на можност за формирање на испитен центар на “Association of Chartered Certified Accountants” (ACCA) во Македонијa како и соработка на полето на обуката, продлабочување на знаењата и разменување на искуства за истражувањата и развојните процеси од заеднички интерес.

26.08.2016

Почитувани,

На 17 август 2016 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Здружението на овластени сметководители и ревизори на Косово (SCAAK). Договорот предвидува соработка во неколку области:

  • Спроведување на акциските планови за подобрување на усогласеноста со стандардите на IFAC.
  • Обука за членовите на двете организации.
  • Спроведување на контрола на квалитет на ревизорските услуги.
  • Други прашања од заеднички интерес.

15.02.2013

На 15 февруари 2013 година, Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Комората на ревизори на Република Азербејџан.

27.12.2012

Доделување на бесплатен примерок на ЦД МСР 2009 година.

Почитувани членови на ИОРРМ,

Ве известуваме дека Управниот одбор на ИОРРМ донесе Одлука за доделување на бесплатен примерок на ЦД-то МСР 2009 година за сите членови на Институтот. Членовите ЦД-то можат да го подигнат во просториите на Институтот, секој работен ден.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ




19.12.2011

Доделување на бесплатен примерок на ЦД МСФИ 2009 година.

Почитувани членови на ИОРРМ,

Ве известуваме дека Управниот одбор на ИОРРМ донесе Одлука за доделување на бесплатен примерок на ЦД-то МСФИ 2009 година за сите членови на Институтот. Членовите ЦД-то можат да го подигнат во просториите на Институтот, секој работен ден.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ

08.06.2010

2009 Macedonian IFRS CD - Меѓународни стандарди за финансиско известување (IFRS ®) МСФИ Официјални објави како што беа издадени на 1 јануари 2009 година
Опис

Меѓународни стандарди за финансиско известување 2009 е единственото официјално издание на консолидираниот текст на авторитативните објави на ОМСС.

Овој диск ја претставува последната верзија на Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), Меѓународните сметководствени стандарди (МСС), КТМФИ и ПКТ Толкувања и поткрепувачки документи—илустративни примери, упатства за воспоставување, основи за заклучоци и спротивни мислења—како што беа издадени од ОМСС на 1 јануари 2009 година.

Датум на издавање: мај 2010 година
ISBN: 978-608-65124-1-5
Цена: 5.900,00 денари

Пријави интерес преку е-пошта или на тел. 02 3227 599

      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive