Електронско следење на претходно спроведени настани за КПУ за 2020 - 12.01 до 26.01.2021

11-01-2021

Почитувани,

Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРМ, може електронски да ги проследите некои од предавањата кои ИОРРМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2020 година. Членовите на ИОРРМ може да се пријават за еден или повеќе од следните настани, само доколку не сте биле во можност да учествувате при првичното спроведување на настанот:

  1.  КПУ настан што се одржа на 10 и 11 декември 2020 година (се состои од 2 видео снимка)  - 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари (Програма)
  2.  КПУ настан што се одржа на 17 и 18 декември 2020 година (се состои од 2 видео снимка)  - 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари (Програма).
  3.  КПУ настан што се одржа на 23 и 25 декември 2020 година (се состои од 2 видео снимка)  - 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари  (Прoграма)

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите он-лајн во периодот од 12 до 26 јануари 2021 година. Повеќе информации за настаните под 1, 2 и 3 погоре може да најдете на веб страната на ИОРРМ во делот КПУсовршување. Сите материјали за настаните се поставени во делот за членовите на ИОРРМ во мени КПУсовршување.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ на горенаведените предавања е 25 јануари 2020 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk .

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на contact@iorrm.org.mk, предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, Барањата се доставуваат поединечно за секое од предавањата кои сакате да ги проследите.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.

Напомена: За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.  

Воедно, Ве известуваме дека на веб страната на ИОРРM, во делот за членовите на ИОРРМ, во мени КПУсовршување, поставен е ажуриран список на остварени КПУ часови (заклучно со настанот одржан на 23 и 25.12.2020 година). Доколку имате забелешки на ажурираниот список, Ве молиме да не информирате за да ја провериме нашата евиденција.