Покана за КПУ настани - 10 и 11 декември 2020 година и 17 и 18 декември 2020 година

01-12-2020

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе спроведе он-лајн настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори.

1. 10 и 11 декември 2020 година преку Zoom (Програма за КПУ настан 10 и 11 декември 2020 година). За присуство на настанот се признаваат 8 КПУ часа за 2020 година за овластените ревизори.

Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 07 декември 2020 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 09 декември 2020 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк Пријава за 10 и 11 декември 2020 година . Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство како да се приклучите за следење на настанот, и линк за следење на настанот.

2. 17 и 18 декември 2020 година, преку Google Meet (Програма за КПУ настан 17 и 18 декември 2020 година). За присуство на настанот се признаваат 8 КПУ часа за 2020 година за овластените ревизори.

Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 14 декември 2020 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 16 декември 2020 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк Пријава за 17 и 18 декември 2020 година . Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство како да се приклучите за следење на настанот, и линк за следење на настанот.

До крајот на следната седмица ќе Ве известиме доколку во текот на месец декември бидат организирани и други настани за КПУ за 2020 година.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ